Нобеловата награда за мир врачена на децата на Мохамади

Децата на затворената иранска активистка Наргес Мохамади на церемонијата во норвешката престолнина ја примија во нејзино име годинашната Нобелова награда за мир.

Мохамеди е позната по кампањата за правата на жените и демократијата во нејзината земја, како и за борбата против смртната казна.

Наградата ја примија Али и Кијана Рахмани, 17-годишните деца близнаци на Мохамади, кои живеат со својот татко во егзил во Париз .Norwegen | Friedensnobelpreis 2023

51-годишната Мохамади, беше наградена со Нобеловата награда за мир за 2023 година во октомври за нејзиниот повеќедецениски активизам и покрај бројните апсења од иранските власти и годините поминати зад решетки. Во моментов е во затвор во Техеран.

Активистата отслужува затворска казна поради повеќе обвиненија, вклучително и наводно ширење пропаганда против Исламската Република.

Портрет и празно столе за Наргес Мохамади на церемонијата во Осло
Портрет и празно столе за Наргес Мохамади на церемонијата во ОслоФотографија: Fredrik Varfjell/AP Photo/picture alliance

Во Осло таа беше симболично претставена преку портрет и празно столче, што служи како потсетник дека Мохамади е еден од ретките добитници на награди кои не можеа да присуствуваат на доделувањето.

Останатите Нобелови награди за физика , хемијамедицина, економија и литература синоќа им беа врачени на годинешните лауреати од страна на шведскиот крал Карл Густаф Шеснаесетти на церемонија во Стокхолм ги додели Нобеловите награди за физика, хемија, медицина и економија и литература.

Back to top button
Close