Украина ќе започне преговори за членство – Пирова победа на ЕУ

Комесарите на ЕУ денеска се очекува да и доделат на Унгарија 10 милијарди евра од ЕУ фондови, кои Брисел ги замрзна поради проблеми со корупцијата и владеењето на правото.

Во превод најавената историска одлука на престојниот Европски совет за отпочнување на преговори за членство со Украина, ЕУ ја чини 10 милијарди евра кои Орбан ги издејствува во замена за неговото вето на оваа -историска- одлука.

Тоа е победа за унгарскиот автократ Виктор Орбан, кој го блокира донесувањето одлуки во ЕУ и го торпедира одговорот на Унијата на руската војна на клучниот самит на европските лидери што започнува во четврток.

Големиот губитник е претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, која оваа одлука да ги одмрзне финансиите за Унгарија може да ја плати со тоа што нема да ја има шансата за втор претседателски мандат во ЕК по европските избори закажани за мај 2024. Според информираните медиуми во Брисел притисок за ваквата одлука на ЕК извршиле францускиот претседател Макрон и германскиот канцелар Шолц кои инсистираат на одлука за старт на преговори со Украина како одговор на руската агресија.

Со ваквиот развој на настаните европските лидери ќе задоволат две третини од европјаните кои го подржуваат членството на Украина во ЕУ, но исто така ова ќе го отвори прашањето на јавноста зошто нивните пари се користат да се финасира влада која го подржува Путин каков што е случајот со Унгарија.

Финансиската поддршка на ЕУ за Украина – која Орбан ја блокираше – е клучна за да се одржи Украина во живот, предупредува Меѓународниот монетарен фонд. Поддршката на ЕУ и САД „им овозможува на властите да ги задржат сите функции на државата“, рече шефот на ММФ за Украина, Гевин Греј.

Европската комисијата од своја страна тврди дека игра според правилата и дека немала друг избор освен да ги ослободи парите – затоа што Унгарија ги направи потребните реформи и сега го почитува владеењето на правото.

Политички, тоа е поразителен сигнал“, изјави европратеникот Данил Фројнд за Политико.

„Орбан ја парализира ЕУ и оди против основните безбедносни интереси на ЕУ“. Неговата сеопфатна конфронтација за помошта за Украина и пристапните преговори „звучи како да ги следи наредбите од Кремљ“, вели во изјавата европратениот Фројнд.

„Не е само ракувањето меѓу Орбан и Путин, што сите го видовме, туку и она што се случува на работно ниво, договорите со Росатом“, руската нуклеарна агенција, која гради нови електрани во Унгарија, „и Гаспром што е јасна стратегија за продлабочување на врските со Русија.

Откако Русија ја започна својата целосна инвазија на Украина, „министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто се сретна со [ својот руски колега] Сергеј Лавров најмалку пет пати – тоа е повеќе билатерални средби отколку со повеќето негови колеги од ЕУ“, вели Фројнд.

Овој потег „ќе биде проблем за реизборот на фон дер Лајен“, предупреди Фројнд. „Слабоста на Комисијата во однос на владеењето на правото беше Ахиловата пета на Фон дер Лајен.

На Унгарија и се блокирани 21 милијарда од европските фондови поради не почитување на принципите на владеење на правото. За утеха на Европската комисија до сега овој притисок успеа да резултира со промени во Судскиот совет на Унгарија кои треба да стапат на сила на 10 јануари што сепак е далеку од успехот кој ЕК требаше да го постигне со блокафдата на финасиите за Будимпешта.

Следната офанзива врз Орбан се очекува од Европскиот парламент кој ќе се обиде да го блокира унгарскиот претседавачки мандат со ЕУ кој доаѓа во втората половина на 2024 иако изгледите за успех на оваа операција се мали со оглед на тоа што европските избори доаѓаат за само неколку месеци- во мај 2024.

Борјан Јовановски

Back to top button
Close