ЗАРА во Сараево празна: Повиците за бојкот вродија со плод (ВИДЕО)
По контроверзната реклама на Зара, во која многумина препознаа исмејување на страдањата во Газа и која брендот подоцна ја повлече, повиците за бојкот на Зара ги преплавија социјалните мрежи, а се чини дека успеаја и во Сараево.

Имено, на профилот на Ајна Спахиќ на Инстаграм можете да најдете видео кое за три дена собра три милиони прегледи на кое се гледа состојбата на продавницата на споменатиот бренд.






