На изборите во Србија до 14 часот гласале 32.3% од избирачите

Утрово во 7 часот во Србија почнаа републичките, покраинските и изборите за 65 општини и градови, меѓу кои и градот Белград.

Своето право на глас можат да го остварат 6.500.666 запишани избирачи на 8.273 избирачки места.

Избирачките места се затвораат во 20 часот, до кога трае изборниот молк.

Излезноста во Србија на вонредните парламентарни, покраински и локални избори до 14 часот е 32,3 отсто, покажуваат најновите податоци на Ипсос/ЦеСИД.

Back to top button
Close