Вака во моментов изгледаат местата во српскиот Парламент

Според 50 отсто од обработените избирачки места, изборната листа „Србија не смее да застане има 47,1 отсто поддршка соопшти вечерва од премиерката Ана Брнабиќ.
Потоа, „Србија против насилство“ со 23 отсто, додека СПС има 6,7 проценти.
На четврто место е НАДА со 4,9 отсто, додека на листата на Бранимир Несторовиќ има 4,6 отсто.
Според проекциите, како што пишуваат српските медиуми, изборната листа „Србија не смее да запре“ треба да именува 129 пратенички места, „Србија против насилство“ – 64, „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“ – 18, „Надеж за Србија“ – 13, „МИ – Глас на народот“ – 13, „Алијанса на Војводински Унгарци“ – 6, „Усаме Зукорлиќ“ – 3, СДА Санџак – 2, „Политичката борба на Албанците продолжува“ – 1 и руската партија – 1.







