Изборите во Србија неприфатливи за земја која преговара за членство во ЕУ, оценка на германското МНР
Според извешајот на ОБСЕ/ОДИХР, во изворната кампања било забележано присуството на претседателот на државата, а имало и бројни тврдења за заплашување и малтретирање на граѓански активисти, борци за човекови права и новинари

Германија оценува дека неправилностите кои ги утврдиле меѓународните набљудувачи на парламентарните избори во Србија се неприфатливи за земја која претендира да се приклучи на Европската Унија.
„Србија гласаше, но ОБСЕ пријави случаи на неовластено користење јавни средства, заплашување гласачи и купување гласови. Тоа е неприфатливо за земја која има статус кандидат за членство во ЕУ“објави германското министерство за надворешни работи.
Според извешајот на ОБСЕ/ОДИХР, изборите во Србија се одржале во време на висока поларизација и интензивна конкуренција меѓу различни политички опции.
Извештајот тврди и дека кампањата ја обележало присуството на претседателот на државата, а имало и бројни тврдења за заплашување и малтретирање на граѓански активисти, борци за човекови права и новинари.
Републичката изборна комисија на Република Србија вчера ги утврди прелиминарните резултати од парламентарните избори, одржани вчера.
Листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ освоила најмногу гласови според резултатите со 96,68 отсто обработени избирачки места, односно 46,71 отсто.
На второ место е листата „Србија против насилството“ со 23,58 отсто гласови. Цензусот го поминале уште три мнозински и пет малцински листи.
Претставниците на коалицијата „Србија против насилство“ вчера ги повикаа граѓаните на протест, а се обидоа и да ја блокираат на седницата на Републичката изборна комисија, која требаше да ги презентира прелиминарните резултатит од изборниот процес.
Блокадите пред Републичката изборна комисија во Белград не спречија да се објават прелиминарните резултати од изборите
За улогата на претседателот во кампањата, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека во минатото не се прашувало за улогата на претседателот кога бил претседател Борис Тадиќ, не се прашувало за таа улога кога бил претседател Воислав Коштуница.






