ВИДЕО: Бројот на загинати од земјотресот во Јапонија се зголеми на 48

Бројот на загинати во силниот земјотрес што вчера ја погоди Јапонија денеска се зголеми на 48, соопшти штабот за катастрофи на префектурата Ишикава.

Би-би-си, повикувајќи се на официјални лица од префектурата соопштија дека бројот на жртви би можел да продолжи да расте.

Неколку силни земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, вчера ја погодија јапонската префектура Ишикава, на брегот на Јапонското Море.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close