Тасевски од М-НАВ: На премиерот не требa да му пречат роднинските туку партиските врски

Никому не треба да му пречат нечии роднински врски, ако некој професионално си ја врши работата, ако ги поминал соодветните селекции и обуки вели за плусинфо председателот на синдикатот на М-НАВ Александар Тасевски на изјавата на премиерот дека во М-НАВ имало и семејни врски посочувајки дека таму работел таткото на Тасевски а потоа се вработиле и сега работат и тој и неговиот брат.

Премиерот треба повеќе да се заинтересира за оние партиски вработувања каде кандидатите се примаат без конкурси, без квалификации, без знаење, кои ништо не работат или воопшто не доаѓаат на работа, а редовно земаат плата – вели Тасевски .

Владата а и премиерот Ковачевски најавија дека трудовата инспекција ке ги чешла вработувањата во М-НАВ и работењето на неговиот синдикат. Премиерот негира дека инспекцијата е вршење притисок врз синдикатот туку дека тоа е во рамките на законот.

 

Back to top button
Close