ПРЕСПА 2024


МУХАМЕД ХАЛИЛИ

Не ми е намера во предизборието со некој критички осврт да влиаем на снижување на процентот на довербата на гласачите на било кој политичар, на тие кои сеуште не одлучиле за учество во било која трка а посебно на претседателот на државата Пендаровски, за кого сум гласал на последните претседателски избори и кој ми е ценет пријател.

Сепак неговото изјаснување пред некој ден дека бил дел од групата која работела на подготвување на Преспанскиот договор, потпишан на 17 јуни 2018 во Нивици едно мало село близу Преспа , потпишан од македонскиот МНР Димитров, од македонска страна, и грчкиот МНР Коцијас, ракоплескани од „браќата„ Заев и Ципрас со кој ги решивме тридецениските македонско-грчки недеоразбирања околу името на државата , ми даде повод да ги изложам моите размислувања на оваа тема.

Воопшто не се сомневам дека Претседателот многу жали што, граѓаните на географското подрачје Северна Македонија овие месеци,наместо во три часот после полноќ да го спијат најслаткиот сон се приморени да ги напуштат топлите домови и да фаќаат ред пред полицијските шалтери за да ги добијат личните документи со новото геогравско име на државата.

„Срамно понижување на македонските граѓани. И непотребно!„ ќе зажали Претседателот.

Но, ни крив ни должан, беше приморан да зажали и премиерот Ковачевски кој тоа време како член на владеачката партија имал сознание дека се преговарало за нешто но како многумина граѓани малку знаеле за што тоа се преговараше таму.

Непотребното построење на нацијата рано сабајле во редови пред полицијските шалтери ( како во војска) за замена на личните документи со новото геогравско име на државата согласно Преспа 2018 за мене е првата епизода „на срамното понижување на македонскисте граѓани„ во кој дел има придонес и Претседателот.

Потпишаното треба да се спроведува оти на секој годишен ЕУ извештај за напредокот на земјата кон Унијата спроведувањето на Договорите на Преспа и Бугарија како и Охридскиот рамковен договор ни излегуваат пред секој извештај пред очите.

Враќањето на принцот Газанфар Али Кан во Пакистан и исчезнувањето на Букефал
Глигоров во ООН призна дека сме Поранешна Југословенска Република дури и после распаѓањето на Југославија. Голема работа.

Хрватска и Словенија беа поранешни југословенски републики но никој не ги натера пред нивните имиња да стои придавката „поранешна„

Како резултат на тоа се појави една контра теорија малку „по патриотска„ дека корените на „вистинските„ Македонци треба да ги бараме во една провинција во Пакистан-кај Хунците.

Со каква национална гордост и државни почести ги пречекавме на аеродром принцот и принцезата на Хунзите (нашите предци Македонци) Газанфар Али Кан со титула Мир и принцезата Рани Атика кои со големи почести беа примени од премиерот Груевски, се очекуваше да бидат примени и од архиепископот Охрдиски и Македонски г.г. Стефан и градоначалникот на Скопје Трифун Костовски.

Високиот младински комесар во Југославија Васил Тупурковски, автор на „непринципиелната коалиција„ пред распаѓање на Сојузот на комунистите на Југославија напиша дебела книга за херојствата на великанот на „македонската гордост„ Александар Македонски.

Прв пат тогаш читав во неговата книга дека неговиот коњ се викал Букефал! И се восхитувавме колку голем и убав коњ бил!

Дора Бакојану, грчки министер за надворешни работи тоа време, ја прочитал книгата на Тупурковски и за време на нејзината посета на Велика Британија, во 2006 год. во London School of Economics одржи едно предавање на грчко-македонските односи и за да биде поубедлива пред публиката им рече на присутните: „Не сакам да Ве убедувам чиј е Александар Македонски. Ако од ова сала одите во Черинг Крос ( лондонско метро стотина метри подалеку од LSE) прашајте го било кого и тој ќе ви одговори дека тој бил Грк.

Слушајќи ја нејзе малку се разочарав оти дотогаш јас знаев дека Leka I Madh алиас Александар Македонски, бил Илириец а не Хеленин! Не е важно. Историјата ја пишуваат моќните и секој по свој вкус. Така ја смета историјата Пол Валери, фрнацуски поет.

По независноста триесет и нешто години споревме со Хелада на тема кој бил Александар Македонски од каква националност бил, што јазик зборел и како се викал неговиот коњ. Грција ни стави вето: нема ЕУ ако не признаете дека Македонците се народ од словенско потекло, дека македонскиот јазик е во групата на славистиката. Нема ЕУ. Ние долги години споревме и немаше храбар политичар кои тоа ќе го признаеше.

На крај на хоризонт се појавија двајца: тогашниот премиер Заев кој го назначи европски настроениот министер за надворешнио работи Никола Димитров како преговарач за името од наша македонска страна додека грчкиот премиер Ципрас го назначи преговарач од грчката страна (за истото прашање ) неговиот министер за надворешни работи Коцијас.

Така Димитров и Коцијас се прославија како преговарачи во делот на дипломатијата која се опишува како решавање на конфликти. И така добија европска фама! И, се разбира после тоа очекуваа и европски ангажман. Но ,до тоа за жал не дојде.

„Браќата„ Заев и Ципрас еден мој колега амбасадор, во име на Универзитетот каде што тој предаваше ги кандидираше за Нобелава награда за мир. Но не успеа. Не успеа затоа што не успеа Референдумот на кој ,за промена на името на државата, (пардон : за влез во ЕУ!) гласаа повеќе од 600 илјади граѓани , но сепак уставно недоволен број.

Сепак Димитров спротивно на резултатот на Референдумот го потпиша Договорот чие спроведување денеска удира по џебот на граѓаните и ни создава психичко-нервни проблеми!!!

И покрај тоа не треба да бидеме нихилисти и да негираме с é. Потписниците ризикуваа на нивна штета и земјата се здоби со одбранбен шатор-НАТО. Тоа некогаш беше неостварлив сон за Македонија.
Тука е апсурдот: граѓаните на Референдум не гласат во доволна законски и уставна бројка за промена на името на државата а од друга страна државата ги натера да ги чувствуваат последиците на таквиот добро непромислен потпис и да ги натераш да ги менуваат личните документи со трошоци од нивните сиромашни џебови?

Прашањето се наметнува: кој треба да ги плати трошоците за договореното: сиромашните граѓани, државата Македонија или Грција која не условуваше на тоа а нашите политички мислители од Владата и МНР лесно го прифатија?

Второто понижување-Преспа 2024
Ние сме држава која го држи зборот, ја држи бесата.

Ги жалиме нашите државјани кои на овој студ по десет часа (саати-ала турка) чекат ред пред шалтерите и од пензија од 200 евра трошат само 5о евра за лични и фамилјарни потреби а другото оди во имплементација на еден билатерален договор кој не помина на Референдум, наметнат од власта дури и со помош на осумте „аболицирани„ пратеници од опозицијата, меѓу нив и еден кој ги отвори вратите на Собранието за време на крвавите настани на 27 април.

Сега за да ја олесниме временската позиција на македонските граѓани стана предлог за нова Преспа 2024.
Така што нашиот претседател да го моли грчкиот претседател а нашиот премиер да го замоли грчкиот премиер за решавање на маките на македонските граѓани за изгубеното време пред шалтерите, за нервозите, за парите кои ги немат граѓаните а законски се обрвзани да ги плаќаат.
За сега толку.

Така е во нашата Северна Македонија: политичарите грешат, потоа се збогатуваат а народот ги плаќа нивните грешки.
Од Европската пракса: После терористичките напади во лондонското метро на 7 јули 2005 год. Владата на Гордон Браун предложи закон за воведување на лични карти за подобра идентификација на граѓаните.
Неколку месеци британски парламентарци на власта и опозицијата со про и контра аргументи дискутираа за овој предлог закон.

Најјакиот аргумент на сите парламентарци беше дека со тој предлог закон финансиски се оштетуваат граѓаните оти требале од нивен џеб да платаат 30 фунти за добивање на лична карта..

Во политичката теорија и пракса на меѓународните односи потпишаното мора да се имплементира и друг излез нема. Дали на овие избори ќе им простиме , на наша штета, на „европски настроените„ политичари за нивните грешки , кои обично не се простуваат, останува да се види.
Зссега останува за било што сакаме да направиме во нашите внатрешни работи поради имплементацијата на Преспанскиот Договор и Догооворот за билатерални односи со Грција нашиот претседател на државата, премиерот и МНР да зврцнат до нивните колеги од Грција и Бугарија и да бараат изен: може ли ово, може ли оно и кога може да го направиме?

Се разбира со големи надежи за потврден одговор.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close