(Видео) Хрватска полиција по несреќата на (автопатот А3: „Возачот беше изгорен, пронајдовме регистарски таблички од Северна Македонија“

Едно лице загина вчера во тешка сообраќајна несреќа на автопатот А3 во Хрватска откако камион со македонски регистерски таблички излетал од патот и се запалил.

Несреќата се случила на подрачјето на општина Доњи Андријевци, соопшти Полициската управа Брод-Посавина. Полицијата на местото на настанот пронашла регистарски таблички на Република Северна Македонија. Утврдено е дека засега непознатиот возач со камионот ја пробил централната метална преграда, удрил во столб за осветлување и преминал на спротивната лента.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

По несреќата, избувнал пожар, а камионот е целосно изгорен заедно со непознатиот возач. Полицијата продолжува да работи на утврдување на сите околности на несреќата и идентитетот на загинатиот. На пожарникарите им било многу тешко да интервенираат бидејќи тешко им успевале да стигнат до запалениот камион поради големиот сообраќаен метеж.

На Фејсбук страницата „Vatrogasci – 193“ е објавено видео на кое се гледа како возачите на автопатот не формирале итен коридор за поминување на возилата за итни случаи. „Култура на возење ГОЛЕМА 0“, пишува во описот на објавеното видео.

Видеото покажува и како пожарникарите биле принудени да излезат од камионот и лично да ги насочат возачите да го расчистат патот.

Back to top button
Close