Ученик во Србија се заканувал дека ќе убие врсници и наставници. Родители се жалат дека училиштето не реагира
Ученик од осмо одделение во училиште во Суботица се заканил дека ќе го убие целото одделение, класниот раководител и наставничката по хемија“, тврдат за „Блиц“ родителите на децата кои го посетуваат ова училиште.

Мајка на еден од учениците вело дека истото момче претходно го нападнало и нејзиното дете користејќи слични закани.
Tатко на ученик од пониските одделенија за „Блиц“ вели дека ученикот неодамна недолично се однесувал на часовите, поради што училиштето одлучило да го суспендира од настава на пет дена. Наводно ваквата одлука кај него предизвикала дополнителен револт.
Дојде на училиште, а потоа се закануваше
За време на суспензијата, тој на девојче од училиштето со кое се дружи му рекол дека „ќе ги убие сите, вклучително и класниот раководител и наставникот по хемија“.
-Не знам колку се точни тврдењата дека наставата во четвртокот се одвивала зад затворени врати, но очигледно нешто се случило штом реагирала полицијата и обвинителството – вели татко на ученик и напоменува дека нема да го пушти своето дете на училиште доколку проблемот со тоа момче не е решено.
-Сите знаеме дека момчето има проблеми. Му треба помош и ние сме подготвени да помогнеме, но не можеме да дозволиме да се повтори “Рибникар”. Никому не му е гајле. Ќе бараме прво да ни кажат што точно се случило и да се најде некакво решение, за никој да не се чувствува загрозен и небезбеден – изјави овој татко за „Блиц“.
Со случајот се запознаени сите надлежни институции
Во СВР Суботица велат дека училишниот полицаец кој бил на смена во училиштето бил известен за проблемор што наставниот кадар од ова училиште го има со ученикот.
-За се е известено Вишото јавно обвинителство во Суботица, кое наложи против ученикот да биде поднесена кривична пријава поради сомнеж дека сторил кривично дело загрозување на безбедноста – соопштија од полицијата.
Пробавме сè, но не вреди“
Мајка на ученик, кој посетува настава во исто одделение со момчето кое упатувало закани до своите врсници и професори, за „Блиц“ вели дека „нејзиниот син три години е предмет на напади“.
– Верувајте, пробавме се, вклучително и разговори со психолог, со него, со мајка му… Се согласивме на сите решенија. Знаеме дека на момчето не му е добро, има проблеми, тоа никој не го оспорува, но тоа не му дава право некому да се заканува, да удира и малтретира, особено заканите со нож беа страшни.
Првпат го нападна моето дете во петто одделение, физички. Син ми сакаше да го одбрани пријателот на кој тоа момче му ја искриви раката и само му рече: „Те молам, остави го на мира“, но тој го нападна, го удри, а моето дете се одбрани така што го собори на земјата. Пред другите деца му рече на син ми: Ќе те чекаме јас и другарите и ќе те избодеме со нож! Сите беа исплашени – вели мајката.
Таа со синот отишла кај психологот и кај директорот и го пријавила настанот, а бидејќи бил споменуван нож, било пријавено и во полиција.
-Не можеме да знаеме дали бил сериозен или во афект. На училиште барав детето барем да го префрлат во друг клас, друга смена, што и да е, но одговорот секогаш беше дека не можеле, ќе му обрнеле малку повеќе внимание и сл. Агонијата се повторува периодично, еднаш на секои шест месеци. Да речеме, на крајот од седмо одделение, тоа дете дојде до мојот син во ходникот, налета на него и почна да ги пцуе мајка му и татко му… Децата ни кажаа дека моето дете никогаш не го удрило, туку се бранело со туркање. Тој се нафрлил врз него како да ќе го турне по скалите. Додека моето дете се симнувало по скалите, му фрлил училишна чанта – вели соговорникот. После тоа, еднаш неделно на училиште се организирале разговори со мајката на момчето со цел да се помират децата. – Како да му објаснам на моето дете да го третира како пријател ако му го прави сето ова? Постојано сме во страв што ќе направи ако го види некаде на улица. – вели мајката на ученикот од „Сеченџи Иштван“.






