Демонстранти во Кан Јунис ги повикуваат Хамас и Израел да ја прекинат војната

Жители на Појасот Газа денеска во градот Кан Јунис се собраа на протест против војната меѓу Израел и палестинската исламистичка организација Хамас.

Очевидци за ДПА изјавиле дека десетици луѓе присуствувале на митинг во јужниот град, додека израелскиот весник Хаарец објави дека имало стотици учесници.

Луѓето ги повикаа двете страни да ги прекинат борбите.

Според извештајот, Палестинците ги повикувале израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и лидерот на Хамас во Газа Јехја ал-Синвар со извици за прекин на огнот.

ДПА нагласува дека информацијата не може да се потврди независно.

Back to top button
Close