Пет земји потврдија дека се приклучуваат кон БРИКС

Египет, Етиопија, Иран, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати потврдија дека се приклучуваат на блокот БРИКС откако беа поканети минатата година, изјави денеска јужноафриканскиот министер за надворешни работи Наледи Пандор.
Петте земји беа поканети заедно со Аргентина на самитот во Јоханесбург во август за да се приклучат на блокот во кој се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.
Членовите велат дека тој потег ќе помогне да се преобликува светскиот поредок што тие го сметаат за застарен.
Аргентина официјално ја одби поканата за членство во БРИКС.
-Што се однесува до потврдите за БРИКС, пет од шесте земји ги потврдија. Тоа се Саудиска Арабија, ОАЕ, Етиопија, Иран… и Египет, рече Пандор на прес-конференција.
-Аргентина одговори дека нема да го исполни барањето на претходната администрација да стане полноправна членка на БРИКС и ние ја прифаќаме нивната одлука, додаде тој.






