Поранешен косовски министер осуден за доделување дополнителни средства на „Бехтел и Енка“ за изградба на автопат во Косово
Поранешниот косовски министер за инфраструктура Пал Лекај е осуден на три години и осум месеци затвор за случајот со доделувањето дополнителни 53 милиони евра на американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ за изградба на автопатот „Арбен Џафери“ кој ги поврзува Косово и С Македонија, објави косовскиот весник „Коха“.
Ексминистерот е осуден за злоупотреба на службената положба и намерно оштетување на државниот буџет.
Освен на затворска казна, Лекај е осуден и на дополнителна казна со која му се забранува да врши јавни функции во јавната администрација во времетраење од три и пол години.
Покрај него, на затворска казна од една година и осум месеци е осуден и поранешниот секретар на министерството со кое раководел Лекај, Небих Шатри, на толкава затвоска казна е осуден и директорот за набавки Бесим Тахири, а советникот Есет Бериша доби казна затвор од три години и три месеци.
Во своите прелиминарни сведочења, сите обвинети се изјаснија за невини.
Адвокатите на осудените најавија дека ваквата судска одлука ќе ја облажал пред Апелациониот суд во Косово.