ВИДЕО ПРЕМИЕРА | „Политиканти“ на „Слободен печат“: Кој е кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој би се нафатил да аболицира?

Во новото издание на поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“ гледајте анализа за изборните математики на партиите и за текот на типичната македонска предизборна кампања – валкана и црна.

Сашо Орданоски и Борјан Јовановски дебатираат за иднината на малите партии на кои црно им се пишува ако не влезат во владејачката коалиција. Да се биде со или против ДУИ е примарно прашање, особено меѓу албанскиот електорат, а ова прашање ја зовре атмосферата во Алијанса за Албанците кои треба да одлучат меѓу два блока оти сами не можат. Дали Таравари претседателски кандидат на албанските опозициски партии?

Што се случува во опозицискиот табор: Милошоски јасно го кажа рецептот за губење време – никакви шанси нема за уставни измени, зошто примарно е создавање блок против ДУИ, а не дали и кога ќе влеземе во ЕУ. Уставните измени ќе бидат голем предизвик по изборите – каде ќе се најдат тука Таравари и Мицкоски?

Кој е кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој би се нафатил да аболицира?, останете со „Политиканти“ за да дознаете повеќе. Кавгата меѓу Груевски и Мицкоски е голема… до денот кога ВМРО ќе направи влада.

Следете „Политиканти“ на „Слободен печат“:

Back to top button
Close