ВИДЕО: Авион се урна на автопат во САД и удрил во автомобили, има жртви

Деловниот авион „Бомбардиер Челинџер 600“, кој полетал од Охајо, се приближувал до аеродромот во Неапол кога пилотот преку радио сигнализирал дека двата мотори откажале, соопшти Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB).
Портпаролката на полицијата Моли Бест изјави дека три лица од авионот преживеале, а две лица загинале. Но, таа не кажа дали двајцата загинати се од авионот или од возилото. Не е наведен бројот на луѓе кои се возеле во погодениот автомобил и камион.






