Средба на претседателот Пендаровски со ректорката на УКИМ, Ангелова

 

 Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими ректорката на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Билјана Ангелова и проректорот за финансии, инвестиции и развој проф. д-р Лазо Пендовски.

На средбата Пендаровски, како што информираат од неговиот Кабинетот, бил информиран за тековните активности и предизвици со кои се соочува УКИМ.

Во таа насока претседателот беше запознаен со реализацијата на Колективниот договор на УКИМ, којшто е потпишан со Собранието на Република Северна Македонија како основач на овој универзитет, како и за проблемите во финансирањето на научно-истражувачката дејност и капиталните инвестиции од страна на државата за УКИМ.

Пендаровски, се вели во соопштението, даде поддршка на напорите на раководството и синдикатот на УКИМ за целосна реализација на потпишаниот Колективен договор во соработка со Владата и надлежните министерства. Претседателот Пендаровски посочи на значењето и важноста од квалитетно високо образование и истакна дека државата мора континуирано да ја поддржува научно-истражувачката дејност и развојот на универзитетите.

 

Back to top button
Close