Вторo починато бебе во Неготино за три месеци

Бебе на возраст од неколку недели починало во неготинско Пепелиште.

Како што пренесува фокус, мајката на бебето утрово повикала итна медицинска помош во нивниот дом, каде била констатирана смртта на новороденчето и била повикана полиција од страна на медицинскиот тим.

Полициски екипи биле присутни на местото на настанот. Од СВР Велес го потврдија настанот, но не откриваат повеќе детали.

Сличен случај со починато бебе во Неготино беше регистриран пред три месеци.

Тогаш, како што соопштија од СВР Велес, бебе на возраст од околу пет месеци без знаци на живот било донесено во Итната медицинска служба во неготинската болница.

Била констатирана смрт без видливи знаци на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција

Back to top button
Close