Ванковска и Јакимовски му вратија на Мицкоски за навредите: Мицко ме нарече измеќарка,си знае он во 2019 се отепав од работа за нив

си
Кандидатката за претседател – Билјана Ванковска од Левица на социјалните мрежи реагира на денешната изјава на Христијан Мицкоски, кој обвини дека двајцата претенденти ќе имаат естрадна улога во првиот изборен круг како опозиција на опозицијата и тоа за да го ослабнат потенцијалот на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за шеф на државата, Гордана Силјановска-Давкова.

Мицкоски во изјавата отиде и чекор понатаму, па праша дали Ванковска и Јакимовски ќе останат „доследни измеќари на нивните работодавачи“ и во вториот круг од претседателските избори своите гласови ќе ги дадат на кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски или ќе им кажат нешто друго на своите гласачи.

Ванковска е опозиција на сите, од прв до последен, порача кандидатката на Левица, и посочи дека истотака е опозиција на гнил систем и естаблишмент, во овој, како што вели таа црно-бел свет.

„Мицко ме нарече измеќарка. Во право е, измеќарка им бев во 2019 година кога се отепав од работа. Си знаат добро што работев, а можам и да ги потсетам ако заборавиле. Е ајде сега играј витешки!“, напиша Ванковска.

Јакимовски пак, вели дека никогаш не се кандидирал за да попречи на кого било и порача дека ѝ посакува успех на Силјановска-Давкова.

„Јас никогаш не сум бил марионетка и моментите кога ВМРО и СДСМ беа најјаки се спротиставив на погрешни политики и ги победив за да промовирам автентична сопствена политика. Јас не сум ад-хок политичар и не прифаќам споредни, туку главни улоги. Во секоја изборна кампања јас имам сопствена идеја и своја програма и со неа победувам, потоа кон истите се приклучуваат останатите политички субјекти, затоа што секогаш сум бил иновативен, оргинален, рационален и доболно храбар да го спроведам тоа што сум го намислил“,напиша Јакимовски на Фејсбук.

Кандидатот за претседател од ГРОМ обвини дека Мицкоски е тој што игра улога, како што вели, недостојна за Македонец.

„Пред очите на македонската јавност, режисерите од надвор го ослабнуваат ДУИ, ја делат Алијанса и му ги додаваат другарите на Албин Курти БЕСА, како иден коалиционен партнер. Христијан по изборите треба ја одигра марионетската улога за промена на Уставот, а веднаш потоа да признае дека сме нација од 1944, да прифати дека нашиот јазик е бугарско наречје и дека споделуваме иста историја, дека македонските револуционери се бугари по род, вклучувајќи ја и македонската икона Гоце Делчев. Ваквата улога ја доделуваат на личности како Христијан Мицковски, а народот во мене препознава личност кој ќе се спротистави токму на ваквите предавства“,напиша Јакимовски.

Back to top button
Close