Босна треба да ги започне преговорите за пристап во ЕУ, најави Европската комисија
Босна треба да ги започне преговорите за пристап во ЕУ, најави попладнево Европската комисија .Со оваа одлука ќе се отвори патот за таа земјата да стане членка на блокот.
ЕУ ѝ додели на Босна кандидатски статус во декември 2022 година. Европската комисија сега ќе даде позитивна препорака за почеток на официјални преговори за пристап, двајца претставници ЕУ.
Украина и Молдавија, исто така, треба да придвижат чекор понатаму во процесот на проширување.
Во процес на преговори се и Србија и Црна Гора. Албанија за сега по скрининг процесот останува заглавена во процесот заедно со Македонија чие продолжување на процесот е условено со уставните амандмани.
Надвор од преговарачкиот процес останува само Косово.