Тошковски: Системот „Земи бројче“ дополнително ќе воспостави ред за фотографирање и издавање на лични документи
Денеска во Отсекот за управни работи Куманово, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски го промовираа системот „Земи бројче“.
Системот „Земи бројче“ кој во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација од денес целосно е ставен во функција има за цел да воспостави ред во однос на приемот на странки за фотографирање и издавање на лични документи