“Циркузот може да почне” – Апасиев за обвинувањата од ќерката на Силјановска дека бил насилен кон неа во неговото возило
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев денеска реагира на статусот на ќерката на кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова, Марија Давкова која вчера преку статус на Фејсбук откри дека Aпасиев пред девет години ја нападнал и брутално ја истуркал од кола.

-Кандидатски маки големи. На синот и снајката на Стевчо Јакимовски, наместо венчаница им дале умреница (Боже им помози). На ќерката на Силјановска, Апасиев и ја треснал вратата од колата (ама не била Алфата), не знам точно која година пред нашата ера. Ќерките на Ванковска живееле на Запад – по Европите и Канадите (а не во Кина или Русија, замисли). Уште синот на Пендаровски да пише: – “Еднаш Апасиев, на паркинг, ми покажа шипак и ми се накриви со исплазен јазик” и предизборниот ЦИРКУС може да почне, напиша Апасиев на Фејсбук
Вчера Марија Давкова Јорданова ќерка на кандидатката на ВМРО ДПМНЕ за председател на државата на нејзината фејсбук страна објави дека Апасиев ја нападнал и насилно ја истуркал од неговата кола без никаква причина. Случката според неа била пред 9 години и на крај напишала ДЕКА НЕЈЗИНИТЕ 5 МИНУТИ ДОШЛЕ.






