Mеган Маркл и принцот Хари конечно проговорија за монтираната фотографија на Кејт Мидлтон
Меган Маркл и принцот Хари се огласија по повод фијаското со фотографијата на Кејт Мидлтон. Еве што имаа да порачаат војвотката и војводата од Сасекс.
Претставник на Фондацијата Арчевел на војводата и војвотката од Сасекс негираше дека извор близок до парот го коментирал случајот околу контроверзната фотографија на Кејт Мидлтон за Денот на мајката, објавена минатата сабота.
Во изјавата за „Њусвик“, портпаролот се осврна на изјавите објавени од страна на американскиот портал „Пејџ сикс“, а во кои се истакнува дека грешките што ги направила Кејт Мидлтон при уредувањето на фотографијата со децата Шарлот, Џорџ и Луис, Меган Маркл никогаш не би ги направила и дека војвотката и војводата од Сасекс би биле уништени доколку тоа ним им се случи.
Тие коментари, како што напиша американскиот портал, доаѓаат од извори блиски на Меган и Хари