82 илјади граѓани се сликале, а пасошите не им се испечатени


Околу 48.000 пасоши на ниво на државата не се одобрени, луѓето се сликале, а не се ставени на печатење, со ова пробиен е и законскиот рок.

На ниво на лични карти, бројката е 33.000 на ниво на државата, а на ниво на Скопје – 44.000 пасоши и 30.000 лични карти.Со ова се потврдува уште еднаш тезата дека внатрешноста е скоро завршена, граѓаните ги имаат заменето своите лични документи, остана само Град Скопје.

„Морам да признаам дека колегите внатре работат макотрпно, но мора да се внимава целиот процес да функционира нормално. Нема друг проблем, само треба подобро менаџирање, кое порано го имаше“, изјави Митко Бојмацалиев – дополнителен заменик министер за внатрешни работи.

Back to top button
Close