Стотици граѓани на Ѓорче Петров протестираа против изградбата на висококатници
Стотици граѓани на општина Ѓорче Петров денеска излегоа на протест против Деталниот урбанистички план за градска четврт СЗ16 со кој се предвидува изградба на десеттина згради дел од нив високи и над 20 ката.
Од местото каде треба да се градат зградите учесниците на протестот порачаа дека Ѓорче Петров не може да си дозволи толкави габаритни градби на таков мал простор и побара ревидирање на целиот план и намалување на катноста.
Инаку ова е трет протест на Ѓорчепртровци, а пред двенедели една третина од советниците на вонредна седница на Советот побараа суспензија на дел од планот, но советниците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против.
И на вчерашната седницата на Советот на Општина Ѓорче Петров, советничката група од Левица поднесе 9 Иницијативи, меѓу кои и Иницијатива со Предлог-одлука за Поништување на катаклизмичкиот ДУП СЗ 16, информираат од оваа партија.
Левица, како што вели, им понуди шанса на советниците да ја отповикаат одлуката за овој ДУП, истакнувајќи ги битните елементи и факти кои би придонеле до колапс на општина Ѓорче Петров и градот Скопје.
Сепак, советниците од ДПМНЕ и одлучија воопшто да не обрнат внимание на аргументите за штетноста на ДУП-от СЗ 16.
Извор: Градска