Османи: 17 руски дипломати за две години се протерани од Македонија
Министерот за надворешни работи и претседателскиот кандидат Бујар Османи информира дека за две години од Македонија се протерани 17 руски дипломати, пренесува Газета Експрес.
„Само во последните две години протерав 17 руски дипломати од Македонија, ги прогласив за персона нон грата. Знаете ли зошто ги протерав? Затоа што ги фатив како директно комуницираат со луѓе во важни институции“, изјави Османи