Од сабота во Штип тргнува карванот „Преку глава ми е од корупцијата”

Од сабота, 23 март, тргнува карванот „Преку глава ми е од корупцијата“ со настани во повеќе градови во државата, во организација на програмата поддржана од УСАИД „Граѓаните против корупцијата“ и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Првиот настан, в сабота, ќе се одржи на плоштадот „Слобода“ во Штип и ќе трае од 11 до 14 часот.

Три дена подоцна, на 26 март, од 14 до 17 часот, настанот ќе биде во „Општинскиот парк“ во Гостивар.

Во рамките на програмата „Граѓаните против корупцијата“, настани ќе се организираат и во Кичево и во Крива Паланка.

Целта е информирање на граѓаните и нивно активно вклучување во борбата против корупцијата преку низа едукативни активности.

Граѓаните ќе имаат можност да се едуцираат за препознавање на злоупотреби и можностите за пријавување на корупција. За младите ќе бидат организирани отворени дискусии на тема корупција.

Медиумските партнери од програмата, исто така, ќе ги информираат граѓаните за важноста на споделувањето информации и пријавувањето на потенцијалните случаи на корупција со цел да помогнат во медиумските истражувања, додека Стопанската комора на Северна Македонија ќе организира средби со локалните претставници од приватниот сектор.

Овие настани се организираат во рамки на програмата „Граѓаните против корупцијата“ со поддршка од УСАИД, имплементирана од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во партнерство со Центар за граѓански комуникации (ЦГК), Институт за демократија „Социетас Цивилис“- Скопје, Стопанска комора на Северна Македонија, „360 степени“, БИРН и Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ).

Back to top button
Close