Повеќе од 100 луѓе во болница по земање суплементи

Смртта на две лица и повеќе од 100 хоспитализации во Јапонија е поврзана со консумирање додатоци во исхраната на црвен квасен ориз од фармацевтската компанија „Кобајаши“, соопшти јапонското Министерство за здравство.

Вториот смртен случај бил пријавен во Министерството за здравство, труд и благосостојба откако била отворена истрага во компанијата, јавува Кјодо. Според Министерството, Кобајаши рече дека 106 лица биле хоспитализирани по консумирањето на суплементите. Приближно 3.000 прашања биле поставени на телефонските линии на компанијата од загрижени консумери.

Компанијата ги повика клиентите да престанат да користат апчиња „бени коиџи“ кои се рекламираат како додаток за намалување на холестеролот и крвниот притисок. Таа пилула е всушност ориз ферментиран со еден вид црвено-виолетова мувла (monascus purpureus) која се користи и како боја за разни прехранбени производи.

Компанијата „Кобајаши“ се сомнева дека проблемот настанал поради неоткривање на токсична супстанција во мувлата, а засегнатите клиенти пријавиле симптоми како обезбојување на урината, отечени екстремитети и замор.

„Иако вредно ги утврдуваме фактите и причинско-последичните врски, сакаме да го објавиме ова заради брзо откривање информации. Нашата компанија секогаш го ставаше здравјето на нашите клиенти на прво место и искрено се извинуваме за оваа ситуација“, рече Кобајаши

Back to top button
Close