Saeculum obscurum

Ќе се обидам да укажам на неколку важни факти, а со цел да обопштам некои аспекти кој се нужни за нашата онтолошка сигурност како граѓани , но, тие се важни и за реалната безбедност на земјава.

Прво, факт е дека и покрај извесното незадоволство од ЕУ ( без да навлегуваме во пуритански расправи за неа), сепак, огромното мнозинство или ¾ од граѓаните се со многу јасна поддршка ЗА членство на МКД во ЕУ. Значи, концептот за иднината на земјава е со висока резонанца спрема ЕУ, а воедно ова е и тема на која мнозинството граѓани се обединети. Зошто, затоа што посигурно #натаму, и имаат онтолошки тенденција да се гнездат во европско гнездо.

Но, исто така, немил факт е дека тврдолинијашите во ВМРО-ДПМНЕ кој му тријат сол на глава на Мицко ( со врховистичко-фашистичките , и лукративни твистови) немаат ама баш никаков план за ЕУ; ниту пак сакаат да го оствариме овој национален и со вредносно обединувачки капацитет. Напротив, сЕ направија за да ја дискредитираат, ЕУ, и особено, предлог преговарачка рамка. Дотолку повеќе, што, организираа насилство кога предлогот беше објавен! Сега истите тие верглаат и ветуваат помилување и за 27ми Април.

Која дрскост , човече боже ?!

Оттука, ќе запрашам: дали тоа помилување станува услов за прифаќање на прговарачката рамка, односно, е услов да се откочат евроинтеграциите? Ова мора јасно да биде кажано!
Поточно, дали спасот на кожите за едно такво насилство врз уставниот поредок можно е да стане услов за ЕУ?

Ми се чини дека токму ова ќе биде жешка тема после изборите, а можеби и по некои ќошиња веќе е обработена.

Со ова пред нас, треба да сме спремни дека кон оваа идеја лесно ќе се налепат и други “жешки барања” и од други некои субјекти.

Ќе причекаме, па ќе сведочиме.

Второ, факт дека “тој некој” што нема јасен план/решение/подобра понуда, за ЕУ, за повисоки плати, за пензии и животен стандард, и за посилна борба против корупцијата може да се воочи лесно во прелогот на тра ла ла т.н. 1198. Ѓоа програма, но, во која има оддеци од среден век- мрачен век (незнам дали случајно или намерно бројката коинцидира токму најмрачниот период од историјата на човештвото ; џисз) :

saeculum obscurum.

Кај се видело и чуло ваков тип на инверзии кај што се “мамит” по охридски и тоа со т.н. дополнителни барања до ЕУ и пази богати #они , допрва ќе ги отвараат вратите за ЕУ ( ало Франкфурт , зашто намерно ги затваравте до сега ?); па ЕУ стратешки парнери биле ?! WHAT – Стварно???
Дали тоа го мислевте коа ја избрукавте земјава и ја навредивте со вувузели и протести организани , Урсула ?! .

Па уште и fashion agit prop маици за големото НЕ.

Ајде богати, до вчера блуете против еу, денес партнери ? Фала богу !

Но, какви садомазо пораки праќате со ова и до кого ? Особено, соо Ковачот и гробарот на ДПМНЕ, што нема безбедносен сертификат, баш он ќе збори за државна безбесност ( патем, осомничен за злоупотребата на класифицирсни податоци; Или, Хер Флик, баш он, ќе збори за надворешна политика, истиот тој што се кезеше со #Ж на телефон околу можните варијанти на името; па како министер токму за надворешни работи присуствуваше на панихиди на чудни историски ликови кај нашиот источен сосед – против кој сега божем фрла со дрва и камења и “го брани” те јазикот те идентитетот.. Ма немој молим те ..
Идејата за една изборна единица, факт е дека не е лоша, но, исто така факт е и тоа дека такво едно ветување неможат да го остварат без национален консензус ( против кој се хабитуално самоопределени). Така што, за ова исто така блефираат. Доколку не е така, нека објаснат како си замислуваат тоа да го реализираат; под кои услови, под какви отстапки, со чии маки и на чив грб?

Четврто, факт е дека САД, со црните листи, го стеснуваат обрачот спрема определени субјекти (Стевчо, на пример е доста индикативен case in point ). За оваа поддршка треба да сме благодарни на САД, затоа што со овие јавни бламови (за кои ОЈО, и по допрен глас може ако сака да отвори истрага!) и тие делуваат така што ја интензивираат борбата против корупцијата и криминалот, овде и сега. Слично, како што откочувањето на пристапните преговори со ЕУ ќе има ќе подразбере еден неминовен ефект : засилување на борбата против корупцијата и криминалот. Консекветно, тој што нејќе соработува со ЕУ/САД/НАТО и прави контра дејствија против нашите сојузници, што навистина има намерачено ? едноставно, да си ужива токму во придобивките од матните води на неизвесноста, каде корупцијата и криминалот се нормализирани.

 

А народ сака правда, извесност и стабилност.

Според сето ова погоре, без разлика на црно пропагандните платени кретенчуги што имаат задача да го трујат народот со дезинформации и лажни вести, и со што впрочем учествуваат во хибридните закани против нашата земјата, сепак…..

Тука , тешко дека некој ќе може да формира анти-еу/анти-нато влада.
Владата ќе мора да биде составена само и исклучиво од субјекти со јасен план за влез во ЕУ што носи раст и развој, повисок стандард, повеќе демократија, посилна борба со корупција/криминал.

Затоа не верувам, дека ВМРО-ДПМНЕ има капацитет да состави оригинална про-европска влада, погорово не, доколку не успее да се ослободи од субверзивните елементи во своите редови. А бидејќи Жмиц нема таква снага (или несака да има?!) поверојатно е дека про-еу влада ќе се формира и истата ќе мора да ни овозможи членство во ЕУ до 2030. Под услов, нели, да оствари еден предаторски јасен план за радикални реформи во однос на владеење на правото и се што тоа го #повлеквиТ.

Во такви услови, овие претставниците на анахроноста, пак ќе бидат насочени кон удобноста на комотната критика, тролањата, ботирања, а без никакви решенија, без конкретен план, и повторно нема да имаат никаква одговорност. И токму тоа не ми се допаѓа … Потребата повторно за вечна ескупација од одговорност.

Затоа, мора да се направи интересен game change, па макар еднаш, да се фатат на орото на одговорноста.

Најпосле, сега иако избороте се чинат навистина тешки; мора и ние како граѓани да се справиме со себе и со донесувањето на тешки одлуки. На претстојните избори се одлучува имено дали земјава ќе влезе во ЕУ до 2030 или ќе се загрози иднината на најмалку уште една цела генерација! Исто, мора да сме свесни, како гласачи, дека со НАТО, безбедноста на МКД е гарантирана, и дека тие што заговараат излегување од НАТО, имаат намера да не втурнат во зона на загрозување на стабилноста и безбедноста на земјата.
Конечно, треба да сме среќни што сега изборниот процес не е во услови организирани од “Миле ми Текна” , или по принципот на “Гаси Лифтови” или “А да направиме мала војна”….

Сега навистина, мора да си бидеме одговорни пред себе и сопствената иднина , кога веќе можеме во нормални услови да одлучуваме токму за себе, односно можеме нормално да гласаме: верувам, за извесна иднина.

Во спротивно, ќе чмаеме во духот на saeculum obscurum

Ана Чупеска

 

Back to top button
Close