Проширена истрагата за двегодишната Данка Илиќ, вторпат се огласи таткото
Потрагата по двегодишнaта Данка Илиќ, која исчезна во вторникот во Бањско поле кај Бор, влегува во осми ден. Истрагата е проширена и на територијата на Србија. Во истрагата за нејзиното исчезнување се вклучи и виенската полиција, откако се појави видео од Виена.
Амбасадата на Србија ги повика сите кои ќе го препознаат исчезнатото девојче во Австрија да пријават во полиција. Министерството за внатрешни работи на Црна Гора апелира до граѓаните доколку имаат информации за Данка да го известат Интерпол.
Хеликоптери МУП го надлетуваат поширокото подрачје каде што исчезна девојчето.
Во исто време истрагата се прошири и во Австрија, Интерпол распиша жолта потерница. Србин кој живее и работи во Виена на улица во австриската престолнина снимил две жени покрај кои си игра мало девојче кое личи на двегодишната Данка. Криминалната служба на покраината Виена започна истрага.
Во меѓувреме, вторпат по исчзенувањето на малото девојче, се огласи таткото, Милош Илиќ.
„Јас само сакам мојата Данка да се врати дома жива и здрава. Полицијата си ја работи својата работа и јас им верувам. Ние како семејство ќе се изјасниме кога сето ова ќе заврши”, изјавил тој за „Блиц“.