Даштевски демантира дека е дел од било каков партиски оперативен план

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, демантира дека е дел од било каков партиски оперативен план.

 

Од увидот на спомнатиот документ, евидентно е дека се работи за неофицијален и неавтентичен документ особено што во него е наведен датум 05.12.2024 и истиот предизвикува сомнеж, велат од ДИК за ЦИВИЛ, откако во објавата на СДСМ за „лажните анкети објавени на МТВ се нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ“, во оперативниот план на ВМРО-ДПМНЕ се спомнува името на претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Претседателот на ДИК информира дека својата работа ја извршува стручно и професионално, соодветно со законските одговорности и надлежности и согласно Деловникот на Државната изборна комисија

Back to top button
Close