ВИДЕО: Џафери ја закажа конститутивната седница – поради ковид-19 сменета салата, ТВ21 влезе во „големата купола“

Влезот во зградата на парламентот, ќе биде дозволен само по претходно изметена телесна температура, дезинфекција на раце и задолжително држење на дистанца. Овие мерки ќе важат за пратениците, гостите, но и медиумските работници.

Новиот парламентарен состав ќе биде конституиран под посебни услови и во нова сала поради коронавирусот. Вторник во 12 часот токму на оваа локација откако решението денеска го потпиша екс претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе бие конституиран десеттиот по ред, парламентарен состав.

Во Собранието донесени се и посебни протоколи во соработка со Комисијата за заразни болести. Според нив, сите нови 120 пратеници во оваа сала ќе мора да држат физичка дистанца од најмалку 2 метри, но и задолжително да носат заштитна маска.

Оваа сала која се наоѓа на врвот од собраниската зграда е веќе подготвена за свечената собраниска седница која ќе се одржи во вторник во 12 часот. На неа ќе има место за 50 лица гости, кои претходно ќе бидат акредитирани, односно по две лица од медиум. Сите останати лица и гости ќе може преку директен пренос седницата да ја следат и во парламентот.

Во оваа сала пред секој пратеник се наоѓа и опрема за симултан превод, но технички ги нема сите можности како во пленарната сала Македонија, каде што претходно заседаваше пратеничкиот состав. Тука гласањето ќе се одвива рачно, со кревање на ваков картон.

Собраниските комисии ќе се одржуваат во Борис Трајковски салата каде исто така е обезбедена физичка дистанца. Доклку пак во еден момент има потреба да се одржуваат парлалено неколку собраниски седниц, тогаш ќе се приспособат и други сали со физичка дистанца и протоколите кои веќе се донесени. Но, на тие седници ќе се инсистира само да учествуваат пратениците по тие работи тела.

Согласно донесените препораки пак во Собранието нема да фунлкционира клубот на пратеници, ресторанот и бифето кое се наоѓа во прес-центарот.

Во Собранието ќе бидат отворени сите влезои со посебно обезбедување, со цел при разминувњето пратениците, но и адиминистрацијата да имаат физичка дистанца, но бидејќи зградата е во кружна форма, тоа може во секој правец да се направи.

Извор: ТВ21

Back to top button
Close