Американец фрлил бомба кон Сатански храм во Масачусетс
Американските власти вчера уапсија маж од Оклахома поради фрлање експлозивна направа кон седиштето на Сатанскиот храм во Масачусетс. Чудно именуваната организација со седиште во Салем на својата веб-страница вели дека се залага за секуларизмот и индивидуалните слободи и дека нејзините членови всушност не го обожаваат сатаната.
Шон Патрик Палмер (49) е обвинет дека ја оштетил зградата на храмот со експлозивна направа. Тој денеска треба да се појави пред судот во Оклахома. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува казна затвор до 20 години и парична казна до 250.000 долари, пишува АП.