Највредните фрески во историјата на уметноста (трет дел)

Зборот фреска е изведен од италијанската придавка фреско што значи „свежа“. Потеклото на оваа уникатна форма на уметност може да се проследи уште во антиката. Сепак, најславните фрески биле создадени за време на ренесансата од мајстори како Рафаел, Микеланџело и Леонардо да Винчи.

 

„Креацијата на Адам“

Можеби најславната фреска во Систинската капела во комплексниот дизајн на таванот е „Креацијата на Адам“.

Таа го илустрира наративот на библиската креацијa од Стариот завет кога Бог му дава живот на Адам, првиот маж.

 

„Страшниот суд“

Еднакво воодушевувачка фреска на Микеланџело е и „Страшниот суд“ која го покрива целиот ѕид позади олтарот во Систинската капела.

Биле потребни повеќе од 4 години за да се заврши помеѓу 1536 и 1541, цели 25 години откако го завршил таванот во капелата.

 

Успение на Богородица

Украсувајќи ja куполата на Катредралата во Парма, Италија е фреската на Антонио Алегри да Кореџо, „Успение на Богородица“.

Завршена во 1530 година, фреската го илустрира соединувањето на Богородица со нејзиниот син. Исто така ги претставува и клучните католички доктрини и ја слави реинтеграцијата на градот во Папските држави.

 

„Расправање за Светата Тајна“

Италијанскиот уметник од ренесансата Рафаел ја насликал „Расправање за Светата Тајна“ помеѓу 1509 и 1510 година.

Таа украсува една од собите кои сега се познати како Одаите на Рафаело, во Апостолската палата во Ватикан.

 

„Атинската школа“

„Атинската школа“, насликана од Рафаел помеѓу 1509 и 1511 година, ги прикажува Леонардо да Винчи и Микеланџело, прикажани како Платон и Хераклит соодветно.

Може да се види и во Одаите на Рафаело, во Апостолската палата.

 

„Протерувањето на Хелиодор од храмот“

Друга блескава фреска што ги краси ѕидовите на ватиканската Одаja на Рафаело е „Протерувањето на Хелиодор од храмот“.

Таа бил завршена од Рафаел во 1512 година.

 

 „Распетието на Св. Петар

„Распетието на Свети Петар“ (гледано на десната страна на оваа фотографија) е втората фреска во капелата.

Завршена во 1550 година, ова е последната фреска од Микеланџело.

 

Апотеоза на Свети Игнатиј

Веројатно најголемиот пример за квадратура, или илузионистичко сликарство на таванот, е „Апотеоза на Свети Игнатиј“.

Создадена е од језуитот Андреа Поцо во 1694 година за украсување на таванот на језуитската црква Свети Игнатиј од Лојола во Рим.

 

Историјата на Мексико

Некои од најпознатите мурали на модерната ера се создадени во Мексико.

Оваа фреска на Диего Ривера, дел од огромниот негов мурал„Историја на Мексико“ пронајден во Националната палата во Мексико Сити, го претставува доаѓањето во Вера Круз во 1519 година на шпанскиот конквистадор (освојувач) Хернан Кортес.

 

Извор: Msn

Превод: Марта Стевковска

Back to top button
Close