Ѓорѓиевски од ЗЕЛС за срушениот потпорен зид. Арсовска ги игнорирала но ја повика зидот да го санира

Ѓорѓиевски вели дека е трагично во државава во 21 век да се занимаваме со ѕид што се решава како проблем за 2-3 дена, но за жал, додава тој, одредени институции немаат слух и не знаат како да си ја работат работата

Откако вчера од Општина Центар рекоа дека немаат надлежност за решавање на проблемот со потпорниот ѕид на улицата „Белградска“ зад Клиниката за детски болести и го прозваа Град Скопје како институција која треба да најде решение и да го санира, денеска истиот одговор го даде и претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски во изјава за медиумите рече дека на оваа тема разговарал со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и бил информиран дека надлежноста за оваа улица ја презел Град Скопје во 2019 година и според договорот и меморандумот што го потпишале и според тој документ треба Град Скопје да си ја преземе одговорноста.

Разговарав со градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, на оваа тема и од она што ми беше презентирано од негова страна за жал еднонасочна е комуникацијата со Град Скопје, таму немаме двонасочна комуникација. Немаме никаков фидбек или пак одговор од Град Скопје за состојбите поврзани околу тоа“,рече Ѓорѓиевски 

Back to top button
Close