Таравари за Лајм: По изборите во 2020 со Меџити разговаравме да премине во АА.
Претседателот на Алијансата за Албанците (АА), Арбен Таравари, во емисијата „DIALOG te LAJMI“ изјави дека по парламентарните избори во 2020 година имал комуникација со Изет Меџити за можноста тој да се приклучи кон Алијансата за Албанците.

„Да бидам искрен, со господинот Меџити имавме комуникација веднаш по изборите во 2020 година, со цел евентуално да се ангажира во Алијансата за Албанците“, изјави Таравари.
Тој појасни дека немало конкретна понуда за функцијата потпретседател, секретар или за некоја друга партиска функција, туку разговорите се однесувале единствено на можноста Меџити да се приклучи кон АА.
Според Таравари, тоа не се реализирало бидејќи на локалните избори во 2021 година Меџити повторно се ангажирал со ДУИ, особено во Чаир, но и во Дебар и Струга.






