Голем пожар избувна во историскиот дворец „Милер“ во Санкт Петербург (видео)

Голем пожар синоќа го зафати историскиот дворец „Милер“, лоциран на Исакиевскиот плоштад во центарот на Санкт Петербург, непосредно спроти Исакиевската катедрала.

Според руското Министерство за вонредни ситуации (МЧС), дојавата за пожарот била примена во 20:11 часот по локално време. Огнот брзо се проширил низ објектот, а за кратко време зафатил површина од околу 2.000 квадратни метри.

Поради сериозноста на ситуацијата, пожарот бил прогласен за инцидент од трет степен на сложеност. Во првичната фаза било соопштено дека огнот зафатил околу 450 квадратни метри, но подоцна пожарот значително се проширил.

На местото најнапред биле распоредени 125 пожарникари со 25 специјализирани противпожарни возила и друга опрема. Екипите паралелно работеле и на ладење на покривите на соседните објекти за да се спречи ширење на пламените јазици.

Во текот на интервенцијата, надлежните испратиле дополнителни противпожарни сили и техника за справување со пожарот

Back to top button
Close