Унгарските медиуми: Заемот од милијарда кон Македонија е историски најголем кој Унгарија некогаш некому го дала


Новата влада на Северна Македонија ќе добие заем од Унгарија од една милијарда евра по исклучително поволни услови, коментираат унгарските медиуми, откако и неделникот ,,Фокус” објави дека заемот ќе биде од Унгарија.

Тамошните медиуми забележаа дека ова е најголемиот заем што владата во Будимпешта го одобрила некому откако Виктор Орбан ја презеде власта.Идниот министер за транспорт и врски Александар Николоски потврди дека новата Влада, чие гласање е закажана за утре, ќе се задолжи за една милијарда евра во странство, а заемот нема да се земе од Кина, туку од ЕУ и НАТО земја-членка.

„Фокус“ веќе објави дека финансискиот пакет од една милијарда евра, кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер Христијан Мицкоски го најави веднаш по победата на парламентарните избори на 8 мај, идната влада ќе го обезбеди од Унгарија.

Информацијата дека задолжувањето од една милијарда евра ќе се случи во директен договор со Унгарија им ја соопштил на партнерите од идната влада додека траеле преговорите за составување на извршната власт, велат извори на „Фокус“ од парламентарното мнозинство.

Неофицијално, кредитот ќе биде подигнат со ниска каматна стапка од три проценти што е исклучително поволен услов за било какво задолжување за една земја во странство.

Унгарија и нејзиниот председател Орбам како на добар пријател му дадоа азил на пребеганиот екс премиер Никола Груевски азил за престокува во таа држава со оцекна дека судските процеси за криминал и корушција додека беѓе премиер во Македонија за нив биле политичко прогон. И
бегствоти на Груевски кое докрај не е јасно како му успеа потврдено е дека преку Албанија со дипломатско возико на Унгарија во Тирана е префрлен во Бигарија исто со дипломатско возило од државата која ја раководи Орбан па преку Србија е префлен на крајната дестинација Будимпешта кај Орбан.Груевски е во азил таму веќе 5 години а Мицковски како лидер на ВМРО ДОМНЕ ви неколку наврати со Александар Николовски беа на гости во Будимпешта се сликаа со Орбан но никогаш не потврдија дека при престојот се сретнале и со Никола Груевски.

Денешната потврда дека заемот од милијарда евра е од Орбан воопшто не е изненадување иако и тогаш кога ја најави самиот Мицковски и тој и неговите блиски соравотници некој негираа други не одговараа на прашањети дали земјата која ќе им даде 1 милијрда е Унгарија дрЖава повеќе од сестринска на ВМРО ДПМНЕ.

Back to top button
Close