Можеби ќе ве интересира
Close
-
Изумрени риби во долниот тек на река Брегалница во Делчевско
08.07.2024 21:27
Само по неколку владини одклуки и една шака нови функционери, јасно е кој правец го фати ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е правецот наназад кон 2016 година, обвини СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ реши едно од претпријатијата со најголем буџет, Јавното претпријатие за државни патишта, да му го довери на Коце Трајановски. Шокантно е што градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот Скопје 2014, сега ќе има моќ да раководи со најголемите инфраструктурни и градежни проекти.
Нема поголема потврда како планира да работи ВМРО-ДПМНЕ од оваа одлука со која рехабилитираат функционери кои нанеле државна штета од преку 700 милиони евра.
Граѓаните не гласаа за враќање назад туку за промена која воопшто не се случува и тешко дека ќе се случи“ порачаа од опозициската партија.