НАРКО БОС ЗАБРАНИ СЦЕНА НА НЕТФЛИКС! Ги тужи за клевета и бара 1,5 милиони долари

Нетфликс беше принуден да отстрани сцена од серијата за озлогласениот дилер на дрога, откако тој се пожали. Лауреано Обиња, од северозападна Шпанија, ја тужеше платформата за стриминг поради начинот на кој ги прикажуваа него и неговата сопруга во серијата „Брег на кокаин”.

Седумдесет и осумгодишникот, кој е обвинет за трговија со дрога и перење пари, побарал од Нетфликс да му плати 1,5 милиони долари за, како што рече, „штета на неговиот морал“, пишува Дејли мејл.

Иако судијата одлучи дека портретот на наркобосот во серијата не се разликува премногу од вистинските настани, сепак беше откриено дека секс сцената меѓу Обиња и неговата сопруга во првата епизода е неоправдана.

Судот потоа му нареди на Нетфликс да ја отстрани сцената, во која полициска рација го прекина чинот на интимност, и да му плати 15.000 евра за нарушување на приватноста, пишува Тајмс.

Back to top button
Close