Договорот со „Бехтел и Енка“ нема да се раскинува, Владата ќе се обиде да исценка повеќе километри за договорената сума

Министерот за транспорт и врски, Александар Николовски смета дека државата може да добие повеќе километри за истата договорена сума со изведувачот на коридор 8 и 10Д, „Бехтел и Енка“, наместо еднострано да го раскинува договорот кој на непочнат автопат не чини 240 милиони евра.

– Договорот е класифициран како државн тајна што според мене, мислам дека не е согласно закон затоа што во Македонија е многу јасно што може да се класифицира.

Претпоставувам била идеја на партнерот да се потпише класичен договор во кој не се изнесуваат детали на конкуренцијата, но сосема друго е да потпишете класифициран.

Јас се видов со претставници на конзорциумот, и на Бехтел и на Енка, реков дека треба да договорот да се декласифицира, но треба двете страни треба да дадат согласност и се надевам на тоа. Не е нешто што на јавноста не е познато, она што е побитно што Македонија може да добие од тој договор и мислам дека според рамката може да добиеме повеќе километри во рамки на истата финансиска сума што е договорена – рече Николовски.

Back to top button
Close