И со Aмерика – “Земја ветена”! се претера: Балкански избор помеѓу две зла!?

И со Америка се претера, што би рекол мојот истоимен Рамковски.

Светскиот џандар, кој, тренира демократија насекаде по меридијаните, по туѓите земји, од кои прави вазали и каде домашните закони не важат за Американците (!), дома, спроведува политички хаос, запалива реторика, расизам, шовинизам…

Во Трамп, кој, и самиот не беше цвеќе за мирисање во реториката, пукаше атмосферата што ја креира неговиот противкандидат, заедно со естаблишментот околу него и ПР машинеријата, а тоа е актуелниот претседател, кој нарачуваше рекламни клипчиња достојни на “златното доба” од нивниот “див запад”, односно на ПР мајсторите од по Балканите!

За противникот се велеше дека е расист, фашист и убиец на демократијата. Доцна е сега да се повикува на единство на нацијата. Стариот ЏО, ги повлече спотчињата со балкански шмек, се помоли за здравјето на несташниот противкандидат, но, веќе беше доцна.

Злото е посеано, сега може да го жнее тој што го посеа. Креаторите на јавното мислење, поставија цел, и успеаја, Трамп, помладитиот и физички ( и ментално!) посвежиот, да го претстават како сушта спротивност на Бајден, па и на самиот (претходен) Трамп. Во првото СНН – соочување, ако го изземеме говорот на телото, поранешниот дрзок претседател, се откажа од својата навика за арогантност и навредување.

Им успеа: народе, ете, гледајте како изгледа “старецот” кој во овалниот кабинет, потскокнува како Нил Амстронг по месечевата површина, какви спотови нарачува, додека “младичот” Трамп доминира со својата физичка способност и ментална смиреност.

Додуша, Трам тоа и го покажа, откако снајперистот му го разнесе десното увце, го попрска со крв идниот врховен командант, кој, ете, и кога пукаат во него, останува смирен и исправен, повикува на борба, а не на предавање. Лидер!

Супер – зетот на словенскиот свет, ја доби најсоодветната поддршка од својата сопруга Меланија. Добро анализирајте ја изјавата на, веројатно повторената прва дама, госпоѓа Трамп, таа кажува се. Кој сее бура, ќе го однесе олуја!

Својот сопруг го симна од висините, го сведе, пред се, на димензија на човек и родител, нешто што америка е first, што би рекол сопругот, по кого и брзото и остро јазиче од Кремљ, Захариева, запека и запука, уште, истата ноќ, побрза да и укаже на бројната сесловенска дијаспора во САД, на кое уше треба да спие, а на кое да слуша!

Таа мелодија од зидините на Кремаљ, сега, убаво ќе легне и на мноштвото македонски, српски, бугарски, чешки, словенечки, словачки (Фицo веќе се огласи, откако и самиот ја помина смртничката голгота), што да не – и полски и грчки ушиња!

Српскиот учен, амбасадорот Огнен Прибичевиќ, се исчудува, како тоа при 500 (петстотини) високо позиционирани Американци, од двете политички групации – демократите и републиканците, што по сенатот, што по конгресот, што високи советници, никој да не се осмели да застане на кандидатската позиција од Бајден, па што да не и од Трамп!?

Америка е доведена до балканското дереџе, да бира едно од помалите зла!!!

Дваесетчлената македонска делегација во Вашингтон, односно водачот Мицкоски, застана за момент помеѓу Трамп и Столтенберг (колку да не се сетат Власите!), ама побрза да се види, на пријатна вечера, со Гренел (амбасадор и трампов директор на Американската безбедносна служба), пред да се види со претставниците на дијаспората.

Кога го убија агроамерикабскиот лидер, нобеловецот Мартин Лутер Кинг, јас бев речиси дете. Мојот подоцнежен професор, мудрецот – оратор, по потекло од охридско (селото Завој, на триесетина километри од Охрид кон Ресен), Димитар Митрев, на градскиот плоштад во Скопје, говореше на масовен митинг. Одѕвонуваа и Вардар на југ ги понесе зборовите: “Америка, црна во мислите, уште поцрна во делата!”.

Кога за прв пат се најдов во Вашингтон, првото што го направив беше да се упатам по течението на реката Потомак, се до хотелот, каде, Кинг, првоборецот за правата на црнците, и нобелоец, го напиша историскиот говор, со поентаата: “јас имам сон”!

Стариот Џо, дури сега ќе го јавме ежот. Со Трамп е и севишниот. Го спаси тоа што гледал (храбро!) право во очите на убиецот, поставен на помалку од 15о метри. Само малку да ја поместел главата, ќе завршеше како многумина пред него, од истата негова позиција.

Америка има историја на вакви, врвни убиства. Америка, врвот на човековите права го гледа во тоа никому да не можете да му скратите право да набави оружје. Доволно беше оној што пукаше, да имаше стреливо со рафално, а не поединечно разнесување на зрната и многу повеќе глави ќе беа разнесени.

Америка е поделена не само политички до степен на граѓанска војна (велат песимистите), туку и по прашањето за пукањето. Едни велат дека пука оружјето, а други, мјаукаат дека пука човекот, а не оружјето. Можеби се во право и овие другиве, но, кога, политичките противници ќе се антигонизираат и закрват до сегашнат сосотојба во “ветената земја!”, тогаш, гаволот, навистина, ја однел шегата.

Бајден се врати во Вшингтон, директно во “ситуациската соба!” во Белата куќа, опкружен со политичкиот, безбедносниот и обавештајниот врв. Излезе со брзо соопштение, те, со најава за вечерно обраќање до нацијата од Овалниот кабинет, но, откако почнаа да кружат теориите на завери.

По мејнстрим медиумите се прошетаа врвни експерти, се до поранешни јавни обвинители, кои поставија едно, едноставно прашање: како тоа шесте американски безбедносни и обавештајни служби, дозволија на стотина метри од носот, некој (“поединец – волк самотник”!) да постави јуришна пушка, кого, тие можат веднаш да го ликвидираат, а не можат, во време кога и малите деца се играат со дронови, да постават летало со камери над главата на Трамп!!!???

Веле Митаноски

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close