Муцунски: Сметаме дека со нашето постапување ги почитуваме одредбите од Преспанскиот договор

Прашан дали смета дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе го промени мислењето (за употребата на уставното име н.з.), Муцунски рече дека доколку се отворат канали на комуникација „ќе се убедиме дека целта треба да ни е заедничка, а тоа е да се поддржуваме на пат кон идниот развој на двете држави“

Колку и да не ми се допаѓа тоа, мислам дека е навредувачки и потврдувам: Свесни сме, апсолутно сме свесни дека уставното име на државата е Република Северна Македонија, но истовремено да не заборавиме дека во самиот договор има членови кои што регулираат како може да се користат термините „Македонија“ и „македонски“ и притоа тие термини да имаат различно значење кога се применуваат од едната и од другата страна.

Ова во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 го изјави министерот за надворешни раоти и надворешна трговија Тимчо Муцунски. На забелешката од водителот на емисијата дека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис највил дека на високо ниво ќе го постави прашањето за Преспанскиот договор и неговото почитување од македонска страна, Муцунски одговори оти оваа тема многу малку се отворала на Самитот на НАТО во Вашингтон.

„Во рамките на НАТО контекстот, би рекол дека скоро и да немаше интерес на темата Преспански договор. Со Грција мора да има дијалог, но тој мора да се случува со ладни глави. Ниту од наша страна, ниту од грчка страна, не беше побарана официјална средба“,рече Мууцунски.

Тој рече дека премиерите на двете држави во идниот период секако „ќе мора да се видат“.

„Ние сме соседи, соседи коишто треба да соработуваат, соседи коишто треба да имаат и многу планови, предизвици во делот на економијата, трговијата, отворањето на нови гранични премини“,рече Муцунски.

Според Муцунски, Владата нема проблем со Грција, бидејќи, како што вели тој, со нивното постапување го почитувале Преспанскиот договор.

„За нас во овој момент, ако ја гледаме поставеноста на нашата надворешна политика, ние не сметаме дека има проблем затоа што ние и покрај тоа што јасно сме кажале дека сметаме дека овој договор бил проблематичен кога се создавал, апсолутно веруваме во принципот дека договорите мора да се почитуваат. И сметаме дека со нашето постапување ги почитуваме одредбите од Преспанскиот договор“,вели тој.

Другата страна, додаде тој, ако не смета така, прво има механизми коишто има право да ги активира во рамките на самиот договор, но истовремено има можност да побара разговори.

„Ќе кажам дека во неколку наврати неформално сум разговарал со министерот за надворешни работи на Грција. Се слушнавме пред некој ден за состојбите околу пожарите и укажавме дека треба да си помагаме во вакви ситуации бидејќи како што ние се соочуваме со пожари и нашиот сосед Грција во овој момент се соочува со пожари, но ние сме тука да ги штитиме тие наши интереси коишто ги имаме. И ние од гледна точка на нашата поставеност, на нашето толкување на Преспанскиот договор во овој момент сме на ставот дека ние не го прекршуваме тој Договор“,вели Муцунски.

Тој истакна дека сите предизвици мора да се решаваат, како со Грција така и со Бугарија, и оти мора да има дијалог, којшто треба да се случува со ладни глави и оти треба да се остави простор помеѓу изборните процеси коишто завршија во двете држави и тоа што не чека во периодот којшто доаѓа.

Back to top button
Close