Попладне невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер од над 60 километри на час

Управата за хидрометеоролошки работи за попладне најавува нестабилно време на повеќе места, проследено со пороен дожд и грмежи.

– Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер од над 60 километри на час и појава на град – предупредува УХМР.

Во делови од Скопје попладне се очекува нестабилно време со интензивен пороен дож, грмежи, силен ветер и појава на град

Back to top button
Close