ЕУ подготвува трговска стратегија ако победи Трамп на изборите
Европската унија подготвува трговска стратегија во случај Доналд Трамп да победи на претседателските избори во САД во ноември, и таа се заснова на брз договор или возвратни тарифи доколку Вашингтон воведе царини од 10 отсто на стоките увезени во државата.
Европските преговарачи планираат да се обратат до тимот на Доналд Трамп за да разговараат за тоа кои американски производи Европската унија би можела да ги купи во поголеми количини, објави Фајненшал тајмс.
Доколку преговорите не успеат и Трамп го исполни ветувањето дека ќе воведе увозни царини од 10 отсто, што би можело да го намали извозот од ЕУ за околу 150 милијарди евра годишно, Брисел ќе разгледа соодветни тарифи од 50 отсто за одредени стоки.
– Мора да покажеме дека сме партнер на САД, а не проблем. Ќе бараме договор, но подготвени сме да се браниме доколку не се постигне. Нема да бидеме водени од стравот, изјави за ФТ анонимен висок функционер на Европската унија.