Синдикалниот лидер работел за опозицијата и имал фалс диплома. “Сакам среќни работници и измачени сопственици” се исповедаше премиерот.
Јас сакам среќни и задоволни работници и уморни сопственици изјави премиерот Мицковски прашан во Кавадарци за барањето на синдикатот за покашување на платите на работниците.
Премиерот поканет на потпишување на договор за франшиза на Тиквеш Инвест и Холидеј Ин во Кавадарци за лидерот на синдикатот рече дека е инструмент на опозицијата дури и дека има фалс диплома.
Додека тој одговараше на новинарите позади него имаше наредено и познати бизнисмени.
Инаку владата вчера донесе одлука да им го намали данокот на успешните компании кои остваруваат добивка над 50 милиони евра, од сегашните 10 на 5%.
Ова е дел на објавената соработка на Владата на Мицковски со стопанската комора на Македонија а за тоа доби плакета и аплауз од председателот Азевски и тнр.олигарси членови на оваа комора