Филков : Се бара начин оние чиишто дела паднаа поради измените на кривичниот законик да одговараат за сторените кривични дела

t

Се работи на измени и дополнување на КЗ каде ќе се отстранат штетните последици од избрзаните и наменски политички одлуки. Така не функционира една правна држава, кога ќе ги подготвиме измените ќе бидете навремено информирани.

Министерот Филков, на прашање на Инфомакс истакна дека ќе се бара начин оние чиишто дела паднаа поради измените на кривичниот законик , меѓу кои и Игор Јанушев кој е актуелен генерален секретар на Владата да одговараат за сторените кривични дела кои им застареа. Дали ќе се најде решение за тоа, не се знае, но ќе се бара начин никој да не остане неказнет.

Согласно македонската и европската легислатива, законот не може да важи ретроактивно. Дополнително, судовите се обврзани да го применат законот кој е поблаг за овинетиот, изјави Игор Филков, министер за правда.

Back to top button
Close