Кавадарчанец (61) починал во кругот на Комплексот клиники во Скопје
МВР информира дека вчера во 09.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје бил пронајден во бесознание Ж.Ј.(61) од с. Марена, Кавадаречко, на кого му била пружена лекарска помош и по кратко време починал.
Од страна на лекар констатирана била смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.