Почина новинарот Саше Димовски

Почина новинарот Саше Димовски, беше познат по следењето на случувањата во правосудниот систем.

Беше Претседател на Совет на чест на ЗНМ, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на Гордана Сиљановска Давкова.

Работел во Канал 5, Сител, основач на svedok.mk, а беше соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството.

Беше автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите.

Димовски почина на 47 годишна возраст по долги и тешки здравствени компликации.

Погребот ќе се изврши утре, 07.08.2024, на новите Градски гробишта во Велес

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close