(ВИДЕО) Ангелов: Опасен пожар се шири кај селото Негорци – стигна на околу 50 метри од првите куќи

„Апелирам до жителите на селото Негорци да излезат и да помогнат огнот да бидат стопиран. Значи не зборуваме да учестуваат во активно гаснење на пожарот, туку да ја стопираат огнената линија“, рече директорот на ЦУК

Попладнево избија два тешки пожари на отворено, првиот е на територија на Градот Скопје, а вториот е поопасен и се наоѓа во Општина Гевгелија. Ова го соопшти директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, посочувајќи дека за пожарот во селото Негорци итно е ангажиран еден армиски хеликоптер.

„Во Општина Петровец гори во атарот на селото Градманци, а пожарот се движи во насока на селото Катлановска Брезница. Гори деградирана шума и нискостеблести растенија“,рече Ангелов.

Вториот пожар во атарот на селото Негорци го оцени како поопасен, со оглед како што рече дека се приближи на 50 до 100 метри до првите куќи на селото.

„Поради тоа итно пренасочивме еден армиски хелихоптер да помогне во одбрана на селото. Таму се и локалните пожарникари од Гевгелија, кои веќе се исрпени од повеќедневните борби со пожарите во Богданци и Дојран. Затоа апелирам до жителите на селото Негорци да излезат и да помогнат огнот да бидат стопиран. Значи не зборуваме да учестуваат во активно гаснење на пожарот, туку да ја стопираат огнената линија“,

вели тој.

Во текот на денешниот ден до 13 часот на територијата на државата имало вкупно 16 пожари на отворен простор. Од нив, како што информира Ангелов, седум се активни, шест се ставени под контрола, додека три се изгаснати.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close